More

    Не смееме да се потцениме во пресрет на историскиот натпревар во Порто

    spot_img

    Само една победа ја дели македонската фудбалска репрезентација од историски пласман на Светското првенство во Катар. Потребен е триумф во вечерашниот дуел со Португалија, закажан за 20.45 часот, на стадионот „Драгао“ во Порто.

    Но тоа воопшто нема да биде лесно, особено поради фактот дека во португалскиот состав ќе настапи Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

    – Португалија секако не е само Кристијано Роналдо, но колективот составен од бројни феноменални поединци од светска класа кои ги носат успесите на тимот. За нив колективот победува, ако се погледне каде се и како настапуваат нивните репрезентативци. Токму затоа и нема некоја посебна тактика за Роналдо – вели селекторот Благоја Милевски.
    Сепак селекторот инсистира дека ние не смееме самите да се потценуваме.

    – Јасно е дека Португалија е голем фаворит, јасно е дека целиот свет очекува тие да се пласираат на СП во Катар, но ние не сме тука случајно. Овие момци изминатиов период покажаа зошто веќе се доближуваме до европскиот крем, и затоа и сега како и пред Италија треба да веруваат во себе, да истрчаат на терен и да уживаат – додава тој.

    Португалците играат за осми настап на Мундијалите, Македонија за историски, прв. Видеолотарија Касинос Австрија, уште откако стана партнер на македонската репрезентација, минатата година, препозна дека тоа е дружина достојна за остварување на соништата и затоа верува дека тоа е возможно и вечерва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img