More

    Не можат да најдат сенаменско брашно во продавниците

    spot_img

    Има ли недостиг од некои видови на брашно во маркетите? Граѓаните велат има, а производителите велат дека го немаат намалено производството, ниту пак забележале некаква промена во потрошувачката на одделни видови брашно.

    Граѓаните деновиве реагираат дека во продавниците во Скопје не можат да најдат „сенаменско“ брашно на „Жито лукс“.

    – Ги поминав сите маркети, но нема „сенаменско“ на „Жито лукс“. Сите велат ќе добиеме! Ама како е можно одеднаш кај сите да го снемало овој вид брашно. Можеби веќе не се произведува или на производителот му е потребна повеќе струја да ја сомеле пченицата, па штеди. Сите сега се правдаат со струјата и за цената и за квалитетот на производите – вели Анета Ѓ. од Скопје.

    Од „Жито лукс“ велат дека работат со вообичаена динамика на производство.

    – Нема позначајни промени во однесувањето на потрошувачите и побарувачката на брашното. Производството на сите наши производи се одвива според вообичаената динамика – велат од компанијата.

    Во однос на можноста субвенционираната струја од 80 евра по мегаватчас да влијае на цената на брашното и лебот, од компанијата велат дека ќе направат пресметки.

    – Последнава година има големи турбуленции на пазарот на ресурси и тоа има големо влијание на нашата структура на трошоци. Ние сме општествено одговорна компанија и како таква ги преземаме сите неопходни мерки со цел нашите потрошувачи да имаат што помал товар. Ќе ја процениме моменталната ситуација и ќе постапиме соодветно за нашите производи да бидат достапни за нашите потрошувачи – велат од „Жито лукс“.

    И претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ вели дека не е можно да нема одделни видови брашно во продажба бидејќи мелниците кои имаат и пекари работат без застој и покрај високата цена на струјата.

    – Во целиот овој период немаше застој во снабдувањето на трговците со брашно, бидејќи мелниците кои имаат и производство на леб, односно пекарски производи не го запреа производството, ниту пак го намалија. Најверојатно во овој случај е во прашање ненавремена набавка или во одделен момент можеби снемало амбалажа. Од јуни само мелниците поради високата цена на струјата и конкуренцијата од регионот од каде што се увезува брашното почнаа да го намалуваат и запираат производството, но брашно на пазарот редовно се испорачува бидејќи имаме и доволно резерви – вели Малишиќ.

    Тој додава дека со одлуката на владата да ја субвенционира струјата мелниците од 1 декември ќе почнат да работат и не очекува застој во снабдувањето со брашно и со леб.

    – Од декември ќе се стабилизира производството на брашно бидејќи исклучените мелници ќе почнат да работат. Очекувам по стабилизација на цената на струјата да има и одредено намалување на цената на лебот и другите печива, но во однос на цената на брашното не можам моментално да кажам бидејќи кај него немавме зголемување на цената бидејќи е диктирана и од цената на увозното брашно односно на нашата конкуренција – вели Малишиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img