More

    НБА-ѕвездата и турската актерка ќе се венчаат на брод среде Охридско езеро

    spot_img

    Градот Охрид деновиве е во центарот на вниманието на турската јавност, но не пари богатата историја и прекрасното езеро, туку поради фактот што во него утре ќе се случи венчавката на најпопуларната двојка во оваа земја, НБА-ѕвездата Чеди Осман и актерката Ебру Шахин, пишува спорт1.мк.

     

    Репрезентативецот на Турција и член на Кливленд кавалирс е роден крај Охридското езеро и во овој дел од Македонија има многу пријатели и роднини, поради што реши да стапи во брак во бисерот крај Охридското езеро. Според турските медиуми, свечениот чин ќе се случи на брод во присуство на најблиските на Осман и Шахин, по што ќе следува гозба со традиционални македонски јадења. Невестата била воодушевена од македонската кујна, поради што, меѓу другото, барала на менито да има и тавче-гравче, мусака и турлитава.

    Ова ќе биде прв дел од свадбената церемонија на поранешниот соиграч на Леброн Џејмс, кои по една недела ќе направат голема забава и во турското туристичко место Чешме, каде што се запознал со Ебру.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img