More

    Натали Портман за првпат се појави во јавноста по гласините дека нејзиниот сопруг, францускиот балетан Бенџамин Милепиед, ја изневерил со 25-годишната Французинка, активистката Камил Етјен

    spot_img

    Холивудската актерка Натали Портман за првпат се појави во јавноста по гласините дека нејзиниот сопруг, францускиот балетан Бенџамин Милепиед, ја изневерил со 25-годишната Французинка, активистката Камил Етјен.

     

    Актерката е снимена на трибините на стадионот Парк на Принцовите во Париз.

    Актерката го гледала фудбалскиот натпревар помеѓу ПСЖ и Клермон Фут 63. Портман изгледала како да е расположена и не ја симнувала насмевката на лицето, иако нејзиниот сопруг не бил покрај неа. Портман се појавила во сиво класично палто и бела кошула и носела темни очила и црвен кармин.

     

    Да потсетиме, бракот на Натали Портман наводно бил пред колапс откако францускиот магазин „Вуаси“ објави фотографии од 45-годишниот поранешен балетан како се дружи со 25-годишната климатска активистка Камил Етјен, пријателка на Грета Тунберг.

    Францускиот магазин „Вуаси“, кој прв ги објави спорните фотографии, тврди дека нивниот брак повторно бил во криза кога Портман во март дознала за наводната афера за која се шпекулираше уште додека го снимала филмот „Мај декември“, минатиот ноември.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img