More

    Наскоро го враќаме часовникот назад: Еве кога завршува летното сметање на времето

    spot_img

    Летното сметање на времето завршува во недела, на 29 октомври во три часот по полноќ, со поместување еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето.

    Часот што се појавува двапати помеѓу два и три часот на 29 октомври, поради поместување еден час наназад, првиот пат е означен како час 2А, а вториот пат како час 2B.

    Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе единствено време, но тоа се уште не се случи.

    Зимското сметање на времето се префрла на секој последен викенд во октомври ноќта помеѓу сабота и недела, додека летното сметање на времето се префрла на последната недела во март кога времето се поместува еден час понапред.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img