More

    Наполи повторно го посакува поранешниот тренер на Интер и Јувентус

    spot_img

    Антонио Конте би можел да го преземе тимот на Наполи на крајот од сезоната.

    Италијанскиот стручњак во ноември преговараше со раководството на Наполи, но потоа не беше постигнат договор. Раководството на шампионот на Италија потоа го разреши Руди Гарсија поради слабите резултати, а клубот го презеде Валтер Мацари.

    Конте од трибините го следеше натпреварот од 19. коло во Серија А помеѓу Торино и Наполи (3:0), а италијанските медиуми пренесуваат дека тој наводно на навивачите на Наполи им рекол дека е подготвен да го преземе клубот од Неапол на крајот од сезона.

    Конте моментално е без договор, откако беше отпуштен од Тотенхем на крајот на март 2023 година.

    Што се однесува до Наполи, не му оди најдобро оваа сезона. Моментално го заземаат деветтото место на табелата и имаат 20 бода помалку од првопласираниот Интер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img