Здрав напиток кој убаво ќе ве загрее.
Состојки:
– 1 кг моркови
– 1 лажица рендан ѓумбир
– 3 чешниња лук
– сув билен зачин
– сол, бибер
– сечкан магдонос
– павлака по желба
– вода, доколку е потребно
Подготовка:
Морковот исчистете го и исечете го на помали парчиња.
Се става во загреана вода, се посолува и се додава сечканиот лук кон крајот на варењето.
Гответе додека морковите не омекнат, а потоа додадете го зачинот од сувата билка и лажица ѓумбир.
Гответе уште неколку минути, а потоа извадете го од шпоретот.
Се пасира во блендер и ако е премногу густа се додава малку топла вода.
Вратете на шпорет да зоврие, па истурете во чинија и додадете павлака и малку сечкан магдонос по желба.
Пријатно!