More

    Најновиот модел на Hyundai Tuscon ја доби престижната награда „Автомобил на годината“, која веќе 27 години по ред се доделува во Македонија

    spot_img

    Најновиот модел на Hyundai Tuscon ја доби престижната награда „Автомобил на годината“, која веќе 27 години по ред се доделува во Македонија.

    „Четвртата генерација на Tucson прави значаен технолошки исчекор во однос на својот претходник. Новата платформа овозможува вградување на бензински и дизел мотори, но што е многу позначајно, таа може успешно да одговори на еколошките барања поради можноста за вградување на електрифицирани погонски единици. Уште еден од важните предуслови кои одат во прилог на победникот е извонредниот ценовен однос на квалитетот и опременоста спрема вложените средства“ – се вели во образложението од организаторите.

    Во Изборот учествуваат новинари со долгогодишно искуство и со стаж во следењето на автомобилските новитети и случувања. Победникот ќе ја добие наградата стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов, што се доделува од самиот почеток на изборот.

    Согласно условите за учество во изборот на „Автомобил на годината за 2022 во Македонија“, Националното жири ги одбра следниве возила кои претходно влегоа во финалето: BMW iX, Dacia Sandero, Honda Jazz, Hyundai Tucson, Kia Sorento, Opel Mokka, Toyota Yaris Cross и Volkswagen ID.3.

    Моделот Hyundai Tucson доби 3 гласа, а 2 гласа беа доделени на Toyota Yaris Cross.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img