More

    Најголемиот дел од планетите во вселената се ледени светови слабо огреани од својата ѕвезда на кои врнат дијаматнски дождови

    spot_img

    Најголемиот дел од планетите во вселената се ледени светови слабо огреани од својата ѕвезда на кои врнат дијаматнски дождови, баш како на Уран или на Нептун, вели ново истражување во Science Advances. Научниците успеала да произведат дијамантски дожд реплицирајќи ги екстремнииот притисок на овие планети во лабораторија. Додека паѓаат дијамантите се тријат од атмосферата на планетата и пуштаат толку топлина што тоа влијае на нејзината терморегулација, пишува ИФЛ Наука.

    Најинтересното нешто? Дијамантски дожд може да има и на планета богата со кислород или со вода, за разлика од амонијакот кој го има на Уран или метанот на Нептун. Било откриено дека кислородот помага да се створат дијаманти и тоа на пониска температура и на понизок притисок. За да го истражат ова научниците користеле проѕирна пластика од шише, која се вика ПЕТ.

    – Ефектот на кислородот беше да го забрза разделувањето на јаглеродот и водородот и на тој начин да го поттикне формирањето на нанодијаманти. Тоа значеше дека атомите на јаглеродот може полесно да се комбинираат и да формираат дијаманти – вели  професорот Доминик Краус  од Универзитетот во Росток.

     

     

    Дијамантите формирани во оваа студија се широки само неколку нанометри, но авторите мислат дека тие во услови на ледени џинови би пораснале за да тежат милиони карати, односно најмалку 200 килограми. Иако густите гасови на самата планета би го забавиле нивниот пад, на крајот дијамантите би потонале за да формираат слој околу цврстото јадро.

    А, ако има дијаманти во јадрото на овие планети, тоа значи дека може да ги ископуваме? Научниците уште не нашле начин како тоа би можело да се изведе бидејќи овие планети се полни со отровни гасови, јаки ветрови и што ли не. Но, можеме да очекуваме нешто друго. Ваквите пластични нанокристали да најдат примена во електрониката на еден квантен компјутер.

    На пример, тие би биле одличен квантен сензори. Би можеле да се користат во медицината како контрастни средства или ако абразиви.

    Добрата вест е дека за разлика од стандардните дијаманти кои се добиваат со експлодирање на руда на високи температури, за овие дијаманти процесот би бил помалку експлозивен и посмирен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img