More

    Надлежните утврдуваат зошто одеднаш откажале сопирачките на државниот „мерцедес“ во кој се возел премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ

    spot_img

    Надлежните утврдуваат зошто одеднаш откажале сопирачките на државниот „мерцедес“ во кој се возел премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МУП) за „Вијести“.

    Според информациите на весникот, системот за сопирање на службеното возило целосно престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред големата удолница. Инцидентот се случил на 31 јули, а Абазовиќ во тоа време бил во официјална посета на Тиват. Според неофицијални информации, во автомобилот немало никакви предупредувања – на контролната табла.

    Откако возилото застанало на макадам покрај патот, Абазовиќ од придружба влегол во друг автомобил и оттогаш користи друго службено возило.

    Од МУП велат дека досегашните контроли укажуваат дека се работи за дефект поради староста и значителната километража што возилото ја поминало, но потенцираат дека првиот човек на таа институција и сопартиецот на Абазовиќ, Филип Аџиќ иницирал вонреден надзор од страна на Управата за безбедносни надзорни задачи, „за утврдување на причините и околностите под кои се случил овој настан“.

    Оттаму објаснуваат дека 12 години е просечна старост на службените моторни возила, кои се користат во рамките на Одделението за обезбедување на домашни заштитени лица со цел да се извршат работи за заштита на безбедноста на заштитените лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img