More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 28 ноември, 2023

    spot_img

     На 28.11.2023 на ул.„Македонска фаланга“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ф.Ѓ.(19) од с.Канино, битолско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 28.11.2023 околу 01.40 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.

     На 27.11.2023 во 21.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 27.11.2023 во 19.30 часот на ул.„Стрчин“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(24) и Д.Ј.(32), двајцата од Битола, затоа што кај била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

     Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. (28) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 од Кривичниот законик. Имено, С.Р. набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување на моторни возила од В, С1, С, F, G и М категорија, со негови лични податоци, и таквата возачка дозвола на 16.08.2022 ја приложил при извршена сообраќајна контрола од страна на полициски службеници на патниот правец Скопје – Велес, при што било констатирано кривичното дело.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (27.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 116 мерки, меѓу кои 10 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал – црвено свлетло…  

     Во текот на вчерашниот ден (27.11.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 109 возачи. Од нив едно возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 48 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 61 надвор од населено место.

    На 27.11.2023 во 13.25 часот во Полициската станица Чаир, Р.Б.(69) од Скопје пријавил дека на ул.„Галичник“ бил каснат од куче скитник.

     На 27.11.2023 во 15.45 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Ѓ.В.(34) од Скопје пријавила дека во Парк шума Гази Баба била касната од куче скитник. 

     На 27.11.2023 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, В.Ј.(64) од Прилеп пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img