More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 25.04.2023

    spot_img

    На 24.04.2023 во близина на Железничката станица Браилово, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Ц.М.(32) од Прилеп. Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген шаран“ без регистарски ознаки превезувал нежигосани огревни дрва и без соодветна документација. Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 24.04.2023 околу 12.00 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба го привеле 46-годишниот тетовец А.З.. Тој се барал за издржување затворска казна, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово.

    На 25.04.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода С.Б.(28) од Скопје, затоа што кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 24.04.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 24.04.2023 околу 11.40 часот на локален пат во тетовски Пирок, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 31-годишниот И.З. од ова село, затоа што при негов и преглед на патничкото возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

    На 24.04.2023 околу 17.20 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишиле од слобода Е.К.(27) од Охрид. При преглед кај неа и во возилото во кое се превезувала, кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 24.04.2023 околу 22.20 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    Во текот на вчерашниот ден (24.04.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 171 возач. Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за прекршоци што ги прават пешаците…

    На 24.04.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 11 во населено место и 2 надвор од населено место. Санкционирани биле и 18 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за технички неисправно возило, 1 за претовар, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за некористење заштитен шлем и 3 за непрописно паркирање.

    На 24.04.2023 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Куманово, во атар на с.Долно Количани, скопско, патничко возило „опел“ со бугарски национални ознаки, управувано од О.Ц.(43) од Штип, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка С.Ц.(42), двете од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 24.04.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.М.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Св.Прохор Пчински“ бил каснат од куче скитник.

    На 24.04.2023 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Босна и Херцеговина“ и ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“, управувано од А.Т.(22) од Скопје и патничко возило „пежо 107“, управувано од малолетник од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле возачот А.Т. и сопатник од истото возило, З.А.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 24.04.2023 во 19.45 часот во Полициската станица Чаир, Д.Т.(53) од Скопје пријавила дека кај Градски гробишта Бутел била касната од куче скитник.

    На 24.04.2023 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Батинци, скопско и електричен тротинет, управуван од Л.С.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.С., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 24.04.2023 во 20.40 часот во Полициската станица Карпош, Т.П.(21) од Битола пријавила дека на ул.„Московска“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img