More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 16.05.2023

    spot_img

    На 15.05.2023 по претходно преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги на „Љуботенски пат“ во Скопје е лишен од слобода Б.И.(40) од Скопје. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и десет месеци поради сторено кривично дело по член 418, став 2 од Кривичниот законик, а поради бегство од затвор за него била распишана централна потерница со која се барал за доиздржување на казната во времетраење од 3 години 1 месец и 15 дена. Лицето е приведено и предадено во полициска станица по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на затворската казна.

    На 15.05.2023 околу 17.30 часот во тетовско Желино, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 35-годишниот М.Н. од ова село за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

    На 16.05.2023 во 02.10 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 15.05.2023 во 15.15 часот на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода С.В.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 15.05.2023 во 23.40 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода С.С.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 15.05.2023 околу 23.40 часот на улица „176“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 36-годишниот тетовец Г.С., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 15.05.2023 околу 21.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А.(41) од Кавадарци, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
    На 16.05.2023 во 02.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.А.(25) од Куманово. Тој бил затекнат на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ како врши оштетување на паркирано патничко возило. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе следува соодветна пријава.

    Во текот на вчерашниот ден (15.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 190 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 100 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (15.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкција, седум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас, девет мерки за непрописно престројување на возила…

    Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.05.2023), во периодот од 09.00 до 14.00 часот, на територијата на Република Северна Македонија спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 54 возачи. За време на контролата санкционирани се и 137 останати прекршоци.

    На 15.05.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 8 прекршоци, од кои 7 во населено место и 1 надвор од населено место. Санкционирани биле и 22 други видови на прекршоци, од кои 7 за управување возило без возачка дозвола, 3 за возач почетник,  1 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за прекршоци сторени од пешаци, 2 за недавање првенство на минување на пешаци, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 3 за непрописно паркирање.

    На 15.05.2023 во 14.25 часот во Полициската станица Гази Баба, Е.С.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Јужноморавски бригади“ бил каснат од куче скитник.

    На 15.05.2023 во 16.35 часот во Полициската станица Чаир, Б.Г.(52) од Скопје пријавил дека во с.Визбегово бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img