More

    МВР: Извадок на дел од дневните настани – 13 септември, 2023

    spot_img

    На 12.09.2023 околу 15.10 часот на автопатот Велес– Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ и полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Е.(24) од с.Студеничани, скопско, поради сторено кривично дело криумчарење мигранти. Тој, со возилото „мазда“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото удрил во службено полициско возило, при што со повреди се здобиле двајца полициски службеници и С.Е.. Претходно, С.Е. во близина на наплатна станица Демир Капија, застанал и од возилото излегле осум лица мигранти од Сирија, а удрил и во рампа од наплатната станица Отовица. С.Е. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите се пренесени во прифатно –транзитен центар Винојуг.

    Денеска (13.09.2023) во 02.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 12.09.2023 во 20.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Македонска Каменица затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

    На 12.09.2023 во 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Кшање, при преглед кај осуденикот М.С.(26) од Куманово била пронајдена прашкаста материја. Прашкастата материја била одземена и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 13.09.2023 во близина на с.Единаковци, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода Џ.К.(51) и Т.М.(45), двајцата од с.Врбоец, крушевско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 13.09.2023 на ул.„Цане Кузманоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ц.(31) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 12.09.2023 во 14.40 часот на улицата „Глобочичка“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Ѓ.П.(43) од Струга. При преглед на патничко возило „нисан“ со англиски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Во текот на вчерашниот ден (12.09.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 210 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело дури со 70 километри на час над дозволеното. Притоа 89 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 121 надвор од населено место.

    Во текот на вчерашниот ден (12.09.2023) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 203 прекршоци, од кои, 172 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 105 други видови на прекршоци.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (12.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, три мерки за користење мобилен телефон при управување…

    Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (12.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 79 возачи, меѓу кои 26 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 7 мерки за возење без возачка дозвола, 5 возачи за управување под дејство на алкохол,14 санкции за непрописно паркирање .Изречени се две санкции за користење на мобилен телефон при возење,шест санкции за некористење на сигурносен појас…

    На 12.09.2023 во 18.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на Кичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(54) од Кичево и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кичево. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

    На 12.09.2023 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Св.Прохор Пчински“ и ул.„Пере Тошев“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Б.(29) од Скопје и велосипед управуван од И.К.(42) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 12.09.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со сервисна улица, патничко возило „југо корал 45“, управувано од М.Р.(75) од Скопје, удрило во пешакот Р.М.(93) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 12.09.2023 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Руди Чајевац“, товарно моторно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од И.М.(46) од Велес, удрило во Ј.Џ.(46) од с.Волково, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Џ. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 12.09.2023 во 09.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Куманово на крстосницата од ул.„Гоце Делчев“ и ул.„Борис Кидрич“, патничко моторно возило „шевролет“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(37) од Куманово, удрило во М.С.(78) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

    На 12.09.2023 во 10.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на бул.„Македонија“ во Кавадарци, малолетник од Кавадарци, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка на тротинетот, констатирани во Општа болница Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, а за настанот бил известен јавен обвинител.

    На 12.09.2023 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“, при симнување од автобус, патничката А.Ј.(65) од с.Добрино паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 12.09.2023 во 22.30 часот во Полициската станица Аеродром, З.К.(48) од Скопје пријавил дека на бул.„Србија“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

    На 12.09.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Чаир, Д.П.(71) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Радишани била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img