More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 03 ноември, 2022

    spot_img

    На 02.11.2022 околу 09.00 часот во атарот на с.Брест, скопско, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и Единицата за брзо распоредување при МВР ги лишиле од слобода А.Ј.(20) од с.Арачиново, А.А.(21) од с. Арачиново, С.А.(52) од с.Чучер Сандево, Р.Ј.(23) од Скопје, Н.А.(23) од с.Чучер Сандево, С.С.(28) од с.Арачиново,  Ј.А.(20) од с.Чучер Сандево, Х.А.(29) од с.Арачиново и Г.С.(28) од с.Арачиново.  Тие биле затекнати при вршење на кривично дело „пустошење на шума“, при што од нив биле одземени трактор без регистарски таблички, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.А., натоварено со околу 11 кубни метри огревни дрва, неколку моторни пили и секири. Исто така, во истото време на место викано „Раштански бачила“, по преземени мерки, полициски службеници пронашле три товарни моторни возила, два трактори и др., натоварени со околу 43 кубни метри огревни дрва.   Одземените предмети биле предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 02.11.2022 во 20.15 часот на  ул.„Орце Николов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(67) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член член 300 и член 297  од Кривичниот законик.  Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

     На 02.11.2022 во 19.30 часот во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(38) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје затоа што му била определена мерка притвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236  од Кривичниот законик.  Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката притвор.

     На 02.11.2022 во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода С.М.(45) од село Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 02.11.2022 околу 22.00 часот во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот Е.А. од тетовско Жеровјане затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

     На 02.11.2022 околу 13.00 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот А.К. од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

     На 02.11.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

     На 03.11.2022 во 03.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(26) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 03.11.2022 во 00.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.К.(20) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 02.11.2022 во 21.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода С.А.(21) од Скопје затоа тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 02.11.2022 во 21.30 часот во населба Илинден во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.К.(28) од Скопје затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 02.11.2022 во 20.40 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(29) од Скопје затоа тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 02.11.2022 во 21.20 часот во с.Волково-скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Л.(30) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 02.11.2022 во периодот од 11.30 до 15.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола во координација со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи како  Секторот за економски криминал и корупција при МВР спроведоа акциска контрола врз 14 правни субјекти кои се занимаваат со продажба, откуп и изработка на златен накит на подрачје на Битола. При контролата, од страна на УЈП беа констатирани неправилности во однос на обврските кои произлегуваат од Закон за готовински плаќања, а од страна на Државниот пазарен инспекторат беа пронајдени и одземени 240 грама злато и златен накит без соодветен жиг од четири правни субјекти. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

     На 02.11.2022 во 13.00 часот на Граничниот премин „Богородица“, полициски службеници го лишиле од слобода Х.А.(64) од Скопје, а живее во Република Турција. При извршена гранична проверка било констатирано дека сообраќајните дозволи за товарно моторно возило „ивеко“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал, биле фалсификувани. Тој бил задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.   

     На 02.11.2022 во 12.10 часот во СВР Куманово, било пријавено дека С.М. од Куманово во нива во село Умин дол пронашол неекслодирана минофрлачка граната од Втората светска војна со калибар 75мм. Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.     

     Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, три санкции за нерегистрирани возила, четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз…

     Во текот на вчерашниот ден (02.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 165 возачи. Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 72 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 93 надвор од населено место.

     На 02.11.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 22 прекршоци, од кои 16 во населено место и 6 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 28 други видови на прекршоци, од кои 10 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирано возило, 3 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за непочитување првенство на минување, 3 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 6 за непрописно паркирање.

     На 02.11.2022 во 04.40 часот во Полициската станица Кочани  било пријавено дека на регионалниот пат с.Зрновци-Пониква, кај место викано „Дупли кривини“, патничко моторно возило „опел тигра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.С.(33) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот П.Ј.(25) од Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

     На 02.11.2022 во 10.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8-ми Септември“ во Велес, патничко моторно возило „фиат“ со велешки регистерски ознаки, управувано од И.П.(47) од Велес, удрило во Б.Ј.(58) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани од Општата болница во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

     На 02.11.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Аеродром, М.С.(23) од Штип пријавила дека на бул.„Јане Сандански“ била касната од куче скитник.

     На 02.11.2022 во 20.00 часот во Полициската станица Карпош, Д.И.(47) од Скопје пријавил дека на ул.„Карпошово востание“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

    На 02.11.2022 во 15.30 часот во Полициската станица Драчево, Б.Л.(71) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека во с.Студеничани неговиот малолетен внук бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img