More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 14.09. 2023

    spot_img

    СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријава против А.П.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Имено, по преземени оперативни мерки било дојдено до сознание дека пријавениот во текот на 2023 година набавувал разни видови наркотици, кои во неговите дом и продажен објект во Штип ги продавал на наркозависници. При претрес во неговиот дом и други простории на 12.09.2023, извршен со судска наредба, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го затекнале Х.Д.(27) од Штип на кого му продал марихуана, која била пронајдена при преглед кај него. Исто така, при претресот во домот и продажниот објект биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин, амфетамин и светло кафеава кристална материја. Лицето било задржано во полициска станица и заедно со пријават бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.

    На 13.09.2023 околу 11.20 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност го лишиле од слобода Д.Ц.(44) од Виница. При преглед во товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 лица мигранти (19 од Сирија и 1 од Ирак), меѓу кои четири малолетници. Имено, тој претходно не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, продолжил со движење и со возилото скршил рампа на наплатната станица, по што скокнал од возилото и го напуштил местото. Набргу, по преземени мерки, Д.Ц. бил пронајден и лишен од слобода. Тој бил задржан во полициска станица и во консултација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а мигрантите биле сместени во прифатен центар за странци во Скопје.

    Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија. При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 13.09.2023 околу 19.00 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Б.Ј.(30) и Б.З.(26), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Претходно, тие биле забележани со патнички возила „фолксваген голф“ и „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, а кај клучка Миравци, возилата била запрени и при преглед во возилото „голф“, кое го управувал Б.Ј., биле пронајдени пет лица мигранти (четири од Сирија и еден од Авганистан). Мигрантите биле сместени во прифатни центри во Скопје и Гевгелија. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    На 13.09.2023 околу 13.45 часот на улица „Цветан Димов“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода тетовците Г.В.(18) и Б.А.(23), затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

    На 13.09.2023 во 11.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Н.(21) и Х.М.(26), двајцата од Велес. Тие биле затекнати при купопродажба на дрога и се обиделе да побегнат, но набргу биле фатени и лишени од слобода. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. Во 14.40 часот од слобода бил лишен и Л.М.(48) од Велес, кој бил со Д.Н. и Х.М., а претходно успеал да побегне. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 13.09.2023 во 18.00 часот на регионален пат Радовиш – село Воиславци, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Г.(35) од село Бучим, радовишко. При знак за запирање, даден од полициските службеници, тој од возилото „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, фрлил неколку ќесиња со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (13.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, шест мерки за користење мобилен телефон при управување, 27 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците…

    Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (13.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 101 возач, меѓу кои 69 мерки се изречени за возење повеќе од дозволената брзина, 7 мерки за возење без возачка дозвола, 4 возачи за управување под дејство на алкохол, 3 санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење…

    Во текот на вчерашниот ден (13.09.2023), полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 69 возачи. Од нив 47 на подрачје на Куманово, 12 во Крива Паланка и 10 во Кратово.

    На 13.09.2023 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е  акциска контрола на брзината со која се движат возилата. При контролата биле откриени и санкционирани 48 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-38 и ГВ-10), од кои 2 возачи (ТЕ) пречекориле за над 70 километри на час, 13 (ТЕ) за 50 до 70 километри на час. Санкционирани, исто така, биле и 14 прекршоци (ТЕ) во населено место, каде возачите ја надминале пропишаната брзина, како и 3 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.

    На 13.09.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 45 прекршоци, од кои 24 надвор од населено место и 21 во населено место. Санкционирани биле и 24 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 3 за некористење сигурносен појас и 14 за непрописно паркирање.

    На 13.09.2023 во 22.22 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од ул.„Генерал Васко Карангелевски“ и ул.„21“ во Битола, мопед „априлија“, управуван од 17-годишник од Битола, удрил во пешакот Н.М.(62) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

    На 13.09.2023 во 19.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Ропаљце, општина Липково, трактор со приколка удрил во малолетничка од с.Ропаљце и го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

    На 13.09.2023 во 23.30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Т.(34) од Скопје пријавил дека на ул.„Лисец“ бил каснат од куче скитник.

    На 13.09.2023 во 13.25 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, К.К.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img