More

    МВР и МОН ги усогласија мерките за безбедност

    spot_img
     Министерството за внатреши работи и Бирото за јавна безбедност денеска во Владата на координативен состанок го презентираа новото упатство за постапките и мерките што ги презема МВР по добиена информација, сознание или дојава за терористички загрозувања и по основ на упатството разработен е план за мерки и активности за спроведување. Дополнително, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до директорите на сите училишта кои ќе имаат обврска да ги применуваат.
    „Комплементарно на упатството кое МВР го има разработено, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до сите директори на сите училишта на територијата на Република Северна Македонија, кои ќе имаат обврска да го применат со цел јакнење на безбедноста на учениците и наставниот кадар и непречено одвивање на наставниот процес. Мерките за јакнење на безбедноста на училиштата и наставниот процес ќе бидат детално образложени на директорите на училиштата во следните неколку денови, а благовремено ќе бидат известени и родителите како и јавноста“, наведуваат од Владата.
    На состанокот на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски беше нагласено и дека МВР обезбедува и постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата.
    Дополнително, како што соопшти владината прес-служба, мерките и активностите кои Министерството за образование и наука веќе ги презема за справување со хибридните закани се надополнуваат со безбедносно јакнење на училиштата со кои се гарантира сигурноста и безбедноста на учениците и наставниот кадар во самите училишта.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img