More

    Можна инфекција со мајмунска сипаница преку контаминирани површини

    spot_img

    Истражувањето на германски универзитет покажа дека е можно да се заразиме со мајмунска сипаница преку површини кои ги користеле болни луѓе доколку овие површини се силно загадени со вирусот, додавајќи дека тоа е можно само во одредени случаи.

    „Ние претпоставуваме дека површините мора да бидат силно загадени со вирусот за некој да се зарази со допирање на таква површина“, рече Јоханес Кноблох, раководител на истражување во медицинскиот центар на Универзитетот Хамбург-Епендорф во Германија.

    Ова е особено можно кај луѓето кои работат со пациенти со мајмунски сипаници или оние кои живеат со заразено лице, според студијата.

    „Според досегашните сознанија, не постои ризик од инфекција со допирање на јавно достапни површини, како што се кваките на вратите или копчињата во лифтовите“, објасни Кноблах.

    Се верува дека мајмунските сипаници главно се пренесуваат преку близок физички контакт меѓу луѓето.

    Иако експертите не веруваат дека оваа вирусна болест ќе го погоди светот во иста мера како и Ковид-19, лекарите ги предупредуваат луѓето, особено трудниците и родителите на децата, да внимаваат на симптомите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img