More

    МОН: Испорачани дел од новите печатени учебници за основно образование, продолжуваме со сукцесивно печатење и дистрибуирање

    spot_img

    Министерството за образование и наука информира дека испораката на учебниците за прво, второ, четврто и за петто одделение во основното образование се одвива согласно утврдената динамика. Веќе е завршена испораката на учебниците по првиот договор за печатење, што ги опфаќа учебниците за четврто одделение по македонски јазик и по математика, на македонски наставен јазик и учебниците по турски јазик за четврто и за петто одделение, на турски наставен јазик.

    Испораката на учебниците по вториот и по третиот договор ќе се одвива оваа работна недела. Станува збор за 18 учебници, и тоа:

    – на македонски наставен јазик: македонски јазик за прво и за второ одделение, математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и за четврто одделение, историја и општество за четврто и за петто одделение;

    – на турски наставен јазик: учебник за турски јазик за прво и второ одделение,

    – на албански наставен јазик: учебник по математика за четврто одделение и учебници по албански јазик за второ, четврто и петто одделение;

    – на српски наставен јазик: учебници по српски јазик за второ, четврто и за петто одделение, и учебник по математика за четврто одделение.

    Веднаш потоа почнува испораката и на учебниците по четвртиот договор, и тоа учебник по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик.

    МОН известува дека новите учебници ќе бидат достапни и на веб-страницата на Министерството за образование и наука www.e-ucebnici.mon.gov.mk.

    – Апелираме до родителите да не прават беспотребни трошоци и да ги копираат учебниците, бидејќи печатените учебници ќе бидат достапни за секој ученик бесплатно – велат од МОН.

    Веднаш по печатењето и испораката на учебниците за основното образование, продолжува печатењето на повеќе нови учебници за средното стручно образование.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img