More

    Модриќ зборуваше за својот договор и го „боцна“ Мбапе

    spot_img

    Договорот на Лука Модриќ со Реал истекува на крајот од оваа сезона. И иако наскоро ќе наполни 37 години, сепак ужива во игрите во дресот на кралевите.

    Очигледно Модриќ треба да остане во Реал уште една сезона. Во Реал се разочарани од отсуството на Французинот Килијан Мбапе, кој договори речиси се со нив и реши да остане во ПСЖ.

    „Се уште не сум го продолжил договорот со Реал Мадрид, но нема да го правам тоа како Мбапе. Се надевам дека тоа нема да ми го направи ниту клубот“, изјави Модриќ.

    „Зборуваме за нов договор, имаме добри односи, има голема доверба меѓу нас и ќе се случи она што мора да се случи. Сега сите сме заинтересирани само за финалето на Лигата на шампионите и не сакам да размислувам за ништо друго“.

    Капитенот на хрватската репрезентација треба да потпише до летото 2023 година, ваква информација има доверливиот стручњак за трансфери Фабрицио Романо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img