More

    Модриќ откри што им кажал на колегите од Реал пред СП

    spot_img

    Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ во интервју за шпанската јавна телевизија РТВЕ изјави дека хрватските фудбалери ќе се обидат да го одиграат најдобриот натпревар во животот за во вторник да ја победат Аргентина и да влезат во финалето на Светското првенство. .

    -„Аргентина е голем тим. Ќе се обидеме да го одиграме најдобриот натпревар на турнирот, најдобриот натпревар во нашите животи. Се надевам дека ќе биде доволно за влез во финалето“, изјави 37-годишниот Модриќ во интервју објавено во неделата доцна навечер.

    Во вторник од 20 часот во полуфиналето ќе играат Хрватска и Аргентина, а ден подоцна ќе се сретнат Мароко и бранителот на титулата Франција.

    Модриќ на средината од теренот ќе се соочи со 35-годишниот аргентински капитен Лионел Меси, кој постигна четири гола и двапати асистираше во првенството.

    „Имам желба да играм, но не само да играм против еден играч. Секако дека Меси е одличен играч, ќе имаме големи проблеми да го запреме, но ние сме подготвени и ќе дадеме се од себе“, изјави Модриќ и додаде дека не му е грижа против кого ќе игра во евентуалното финале.

    Хрватска беше поразена во финалето во 2018 година од Франција, а Аргентина беше поразена од Германија во финалето во 2014 година.

    „Импресивно е повторно да се биде во полуфиналето. Неверојатно е тоа што го прави нашата репрезентација“, истакна хрватскиот играч за врска со 160 настапи и 23 постигнати голови.

    Модриќ не се лути што никој не ја рангираше Хрватска меѓу фаворитите во пресрет на првенството во Катра.

    „Тоа е нормално. Сите гледаат во големите земји. Со оглед на тоа дека сме мали, никој не сметаше на нас, но не ни пречи што другите се фаворити, а ние сме во сенка. Можеме само да дадеме се од себе, да се трудиме и токму тоа е нашата сила“, рече тој.

    Модриќ, играчот на европскиот шампион Реал Мадрид, тврди дека сепак го очекувал успехот на Хрватска.

    „Внимавајте на Хрватска“
    „Пред да заминам на Светското првенство разговаравме многу во соблекувалната, при што им реков да внимаваат на Хрватска. Видов зрелост во нашата репрезентација со млади луѓе кои донесоа нов квалитет и енергија“, изјави тој.

    Од Европското првенство во 2021 година, Хрватска одигра 22 натпревари и загуби само еден.

    „Не ги знаев тие информации. Ни кажа нашиот селектор. Тоа е импресивно, исто така кажува нешто за нас. Одигравме многу добри натпревари“, изјави Модриќ.

    На првенството Хрватска ја мина групата во која беа Канада, Мароко и Белгија.

    „Верував дека можеме да направиме нешто. Голема работа е што по четири години повторно сме во полуфинале“, истакна тој.

    Модриќ вели дека сите играчи имале самодоверба во тешките моменти како продолженијата и пенали во осминафиналето со Јапонија и четвртфиналето со Бразил.

    „Покажавме голема ментална сила. Во тие моменти секогаш некој искокнува, како нашиот голман (Домагој Ливаковиќ), особено во последните два натпревари. Среќен сум поради него, покажа дека е одличен голман“, изјави тој.

    Пенал-рулетот против Јапонија Модриќ го следеше од клупата, бидејќи беше заменет во текот на натпреварот, но против Бразил остана до крајот на теренот и шутираше и постигна гол од белата точка.

    „Потешко е да се остане надвор од теренот, потоа да се гледа од клупата и да не можеш да помогнеш. Има многу тензии, не е лесно. Но, не е лесно ниту да се пука. Треба да бидете мирни, самоуверени, но во секој случај е подобро отколку да останете надвор од теренот“, рече тој.

    Бразилскиот 21-годишен напаѓач Родриго, негов соиграч од Реал Мадрид, го промаши првиот удар со кој петкратниот светски шампион беше поразен.

    „Тој е одлично момче, многу го сакам, имаме многу добри односи. Жал ми е што тоа му се случи, но среќен сум за мојата земја. Победивме противник кој беше фаворит за титулата“, изјави Модриќ.

    „По мечот сакав да го утешам бидејќи истото го поминав и на Европското првенство во 2008 година (во четврт-финалето против Турција). Ова не се лесни моменти. Но, тоа може да ве зајакне и да ви помогне во иднина“, заклучи Модриќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img