More

    ММФ постигна договор за план за помош на Украина во вредност од 15,6 милијарди долари

    spot_img

    Меѓународниот монетарен фонд објави дека постигнал договор со украинската влада за план за помош од 15,6 милијарди долари.Планот треба да овозможи „поддршка на постепеното економско закрепнување притоа создавање услови за долгорочен раст во контекст на постконфликтна реконструкција и на патот кон пристапување во Европската унија“, се вели во соопштението на ММФ.

    Договорот ќе биде претставен на конечно одобрување пред Управниот одбор на Фондот во наредните недели.

    „Покрај ужасната човечка загуба, руската инвазија на Украина продолжува да има разорно влијание врз економијата. БДП падна за 30 проценти во 2022 година, голем дел од индустријата беше уништен, а сиромаштијата се зголеми“, рече шефот на мисијата на ММФ во Украина, Гевин Греј, според соопштението.

    Се додава дека и покрај овие тешкотии, украинската влада успеала да ја одржи финансиската и макроекономската стабилност пред се благодарение на значајната меѓународна поддршка и примената на мудри политики.

    Во соопштението се цитираат и зборовите на американскиот министер за финансии Џанет Јелен, кој го поздрави договорот меѓу финансиската институција и Украина и додаде дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат украинската влада и народ сè додека е потребно против Русија.

    Украина има значителна поддршка од почетокот на конфликтот на 24 февруари минатата година, како од Светска банка, која досега и доделила повеќе од 20 милијарди долари во форма на заеми или подароци, така и од САД, повеќе од 110 милијарди долари, што вклучува и воена помош.

    ММФ очекува дека Украина оваа година ќе забележи постепено и делумно економско закрепнување, пред се благодарение на одржувањето на основната инфраструктура како што е електричната мрежа, иако е цел на руски напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img