More

    Младите не издржуваат ниту 3 дена обука за градежен занаетчија

    spot_img

    Становите во Скопје од почеток на годината поскапеа за 1,3%, но на годишно ниво споредено со ланскиот прв квартал порастот е за 18,8%, објави Народната банка. Податоците, пак, од Агенцијата за катастар на недвижнини за последните шест месеци од 2022 година покажуваат дека продажбата на станови е намалена за 5%, но затоа пак закупите на станови пораснале за 13%.

    Податоците на Државниот завод на статистка, достапни само за јануари годинава, покажуваат дека во овој месец биле издадени 390 одобренија за градење, што е за 50.6% повеќе во однос на истиот месец лани. Од нив 169 се наменети за објекти од високоградба, а била предвидена изградба на 677 станови.

    Во последното тримесечје од ланската година, пак, се издадени 1.035 одобренија за градење. Од нив 492 одобренија се за градење на објекти во високоградба. Во последниот квартал од годината била предвидена изградба на 2.048 станови.

    Од градежниот сектор велат дека по стабилизацијата на цените на градежните материјали, порастот на цените на становите овојпат е предизвикан од зголемената цена на работната рака за која во земјава има огромен недостиг.

    – Во порастот на цената на станбениот квадратен метар во овој период најголем удел има работната рака на која цената ѝ порасна за 50 отсто и веројатно уште ќе расте бидејќи градежниот сектор нема работници занаетчии. Просекот на возраст кај нив е 50 години, а млади кадри речиси и нема. Принудени сме да вработуваме и пензионирани занаетчии, бидејќи младите ниту сакаат за учат занаети, ниту пак како невработени прифаќаат да се преквалификуваат за некој од бараните занаети. Еве како стојат работите – на оглас за обука на ваков кадар кај нас од агенцијата за вработување ни дадоа список од 51 невработен, а на повикот се јави само еден, кој не издржа обука ни 3 дена и си замина – вели Никола Велковски од Групацијата за градежништво во Стопанската комора.

    Според него, обемот на градба на станови и цените на становите се диктирани и од сопствениците на парцели за градба и инвеститори кои имаат пари, но немаат градежно искуство.

    – Скопје нема стратегија за градба која со години не успеваме како фела да наметнеме да се направи. Имаме стихијна градба која ја диктираат сопствениците на градежните парцели и финансиски јаки поединци, кои не ги интересира дали тие што ќе живеат во становите ќе имаат инфраструктура и пропрати сервиси за да им биде живеењето удобно. Па така, имаме само станови за спиење, а не и за удобно живеење кое подразбира и паркови, образовни институции, здравствени и згрижувачки институции, трговски објекти и слично – вели Велковски.

    Тој бара градот, но и архитектонската и градежната фела, да се одважат и конечно да направат стратегија за градба на Скопје која ќе покаже како ќе се развива градот и во која насока.

    Градежниците велат дека продажбата на станови оди вообичаено, како и секоја година, но немаат објаснување зошто расте издавањето на станови под кирија. Од јули до декември лани базата на регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности се внесени 17.583 трансакции на купопродажба и закупи на станови. Од нив 12.997 се купопродажби на недвижности, а 4.586 се за закупи на недвижен имот.

    – Оваа состојба може да е резултат на високите цени на становите, а непроменетите износи на кириите или неможноста граѓаните веќе да земаат поволни кредити за купување стан. Можно е да е резултат на зголемен број на доселени од странство, зашто доселените од внатрешноста повеќе купуваат станови отколку што сакаат да одат под кирија. Можно е и да е резултат на издавањето на станови кои потоа се користат како деловен простор, бидејќи трошоците за струја вода и комуналии се пониски кај становите отколку кај деловниот простор. Дополнително, веќе е намален бројот на нов изграден деловен простор бидејќи при изградба на станбен простор веќе не се одредува и деловен простор, освен на фреквентни улици – појаснува Велковски.

    Просечно годишно во земјава се градат околу 5.000 станови, а една третина од нив остануваат празни. Најмногу се гради во Скопје, а општините Аеродром и Карпош предничат во тоа. Тоа го покажаа податоците од последниот попис на населението спроведен во 2021 година, кога се попишани вкупно 839.174 станови во земјава. Од нив во 531.987 станови се живее, а останатите 307.187 станови се празни, меѓу кои речиси 60.000 се во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img