More

    Министерството за здравство информира дека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија ќе се инсталира линеарен акцелератор за потребите на онколошките пациенти

    spot_img

    Министерството за здравство информира дека на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија ќе се инсталира линеарен акцелератор за потребите на онколошките пациенти.

    На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20 години.

    „Во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години. Министерството за здравство ангажираше професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор. По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат“, соопштуваат од МЗ.

    Оттаму додаваат дека и покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено. На оваа клиника во функција се уште три апарати за радиотерапија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img