More

    Црногорскиот портал Дан објави видео од дрон од местото на тешката автобуска несреќа што се случи денеска на патот Цетиње-Будва, во која загинаа најмалку две лица, а неколкумина се повредени

    spot_img

    Црногорскиот портал Дан објави видео од дрон од местото на тешката автобуска несреќа што се случи денеска на патот Цетиње-Будва, во која загинаа најмалку две лица, а неколкумина се повредени.

    На видеото што го објави Ден, се гледа автобусот паднат  речиси на дното на бездната.

    Според засега познатите информации, во автобусот во моментот на несреќата имало меѓу 30 и 35 патници, а првите информации од Полициската управа велат дека загинале три лица, но лекарите досега ја констатирале смртта од двајца патници.

    Како што дознава ТВ Вијести, 17 лица се полесно повредени и префрлени во болницата во Цетиње, додека засега едно тешко повредено лице е пренесено во Клиничкиот центар во Подгорица.

    Моментно се чека елеватор кој треба да го извлече автобусот од провалија, за да утврдат дали има повеќе патници под возилото.

    Се пребарува и теренот, за да се утврди да не испаднал некој од автобусот.

    Автобусот кој слетал во провалија бил возило на компанијата „Паповиќ“ и превезувал патници на релација Цетиње – Будва.

    Растенијата и густите грмушки го запреа автобусот на околу 30 метри под автопатот.

    Возачот на автобусот кој падна во провалија на искачувањето кај местото Обзовице при што загинаа најмалку двајца патници е приведен во полиција. Во изјавата возачот рекол дека почувствувал силна болка во задниот дел на главата и дека потоа автобусот удрил во заштитната одграда, ја скршил и потоа возилото паднало во провалија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img