More

    Министерството демантира дека е испратен четврт конвој воена помош за Украина

    spot_img

    Руска пропаганда и лажна вест. Вака Министерството за одбрана ја коментира информацијата дека Македонија испратила уште еден, четврти конвој воена помош за Украина, објави Сител.

    – Објавата е дел од руската пропаганда и ширење на дезинформации на која остро се спротивставуваме. Одлуката за четврта донација за Украина од наша страна сè уште не е донесена, а кога ќе биде донесена јавноста веднаш ќе биде информирана – објаснуваат од министерството.

    Видеото што беше објавено на социјалните мрежи беше проследено со податок дека на 7 ноември, воз со инженерска воена опрема од Скопје, преку Грција и Бугарија, тргнал за Украина.

    За аналитичарите, ваквите лажни информации, како и дојавите за бомби во училиштата, се две различни појави, но опфаќаат еден ист поширок феномен.

    Инаку Македонија досега има испратено три контингенти воена помош за Украина, но деталите за тоа што содржеле се водат како строга воена тајна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img