More

    Министерот Меџити објаснува зошто не се користат скапите апарати на Онкологија

    spot_img

    Апаратот на Онкологија што беше промовиран лани, сè уште не се употребува зашто на Клиниката немаме физичар, одговори министерот за здравство Фатмир Меџити, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на новата опрема во ГОБ „8. Септември“.

    Тој воедно информира дека има и нов акцелератор кој „фаќа прашина“, но се прават напори да биде сервисиран и да се стави во употреба што најверојатно ќе се случи, како што рече, до Нова година.

    – Ние гледаме колку тоа ќе чини, но тоа што можам со гаранција да го кажам е дека деновиве демонтираме еден стар апарат што е при крај со работењето и нормално, ќе бидеме во контакт со компанијата за да можеме да видиме колку е сервисирањето на новиот апарат за да се стави во употреба. Пред два месеца беше компанијата што го донела КАТО системот на Клиниката за онкологија, но од тогашниот директор не знам зошто е прекинато со тој систем. Тој кажувал на зборови, немаме ништо на хартија или на документ, кажувал дека не било исплатливо, дека биле големи трошоците за тој систем да функционира, но како и да е, ние сега ги разгледуваме сите можности. Навистина, немавме одврзани раце да работиме заради ребалансот на буџетот и сега веќе имаме ребаланс и брзо мислам дека ќе се демонтира ова недела што доаѓа и новиот апарат ќе се стави во употреба. Мислам дека пред Нова година тоа ќе биде реално – истакна министерот.

    Има, додаде, и уште еден апарат – донација, што не е во добра состојба.

    – Со сервисери ќе се договориме за тоа да видиме дали е исплатливо да се стави во употреба или да се размислува со идниот буџет да се донесе нов акцелератор, но тука мора да се поврзува и за штипската болница која се гради седум години. Таму веќе има еден апарат што исто така фаќа прашина, ама таму проблемот е малку покомплициран, бидејќи ќе ни треба уште еден бункер да се изгради и мислам дека со буџетот од 2024 година ќе биде реалност и по седум години тој апарат ќе се стави во функција. Таму го прекинавме тој договор што не се градеше штипската болница и веќе има активирана банкарска гаранција. Размислуваме уште понатаму да направиме уште неколку центри низ Македонија на што веќе се работи. Има и кадар, ако треба ќе дисперзираме од Клиниката за онкологија, Штип кажав, Тетово, исто брзо ќе биде ставен во функција и Битола. Значи, со ова еднаш засекогаш го растеретуваме и Клиничкиот центар и Клиниката за онкологија од овие пациенти и нормално пациентите со овие комплицирани дијагнози да не можат до Скопје да патуваат, знаете ова се тешки терапии, компликации да патуваат тоа уште повеќе го отежнува, ќе ги примаат таму каде доаѓаат со адреса во најблиските центри – рече министерот Меџити.

    Тој е уверен дека случајот со кражби на цитостатици од онкологија ќе има разрешница, и вели дека ќе се знае точно, со име и презиме, кој го прекршил законот, а ќе има и соодветни последици. Министерот вели дека е во постојана комуникација со МВР и со Обвинителство и постојано се информира до каде е постапката. Министерството за здравство, рече Меџити, е максимално отворено и транспарентно за соработка зашто сака да придонесе за што поскоро расчистување на случајот.

    – Ви гарантирам како министер за здравство дека ќе има разрешување на случајот и нема целата лекарска фела да биде под притисок. Ќе има точно име и презиме кој се огрешил и тој ќе сноси последици. Досега во Министерството, колку што знам, нема поплаки и јас во неколку наврати повторувам, апелирам, граѓаните да пријават, да не е само на зборови – некој нешто слушнал или некој нешто кажал. Ние во здравството се темелиме на тоа што е стручно и професионално. Има врвни професионалци и на Клиниката за онкологија и во Клиничкиот центар и не можеме да се водиме пред законот од тоа што некој нешто кажал – потенцира Меџити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img