More

    Милков синоќа оцени дека отворањето конзулат во Република Северна Македонија „е сложена и политичка работа”

    spot_img

    Бугарскиот вршител на должност министер за надворешни работи Николај Милков синоќа оцени дека отворањето конзулат во Република Северна Македонија „е сложена и политичка работа”.

    Неговата изјава беше дадена како одговор на прашање на пратеник на седница на собраниска Комисија за надворешна политика во бугарскиот Парламент.

    – Тоа е сложена и политичка работа. Треба да се разговара со тамошните власти. Немаме намера да излеземе со таква одлука. Таков потег нека преземе редовната влада – одговори Милков.

    Во однос на генералниот конзул во Битола, министерот Милков објасни дека неговиот мандат истекува на 15 јануари.

    – На негово место ќе има привремен вршител на должност, бидејќи македонската страна во оваа фаза нема издадено егзекватура за нашиот нов генерален конзул, кој одамна е решен да си замине. Таа работа се прави со месеци – објасни Милков.

    Егзекватура е согласност што владата на земјата домаќин ја издава за вршење конзулска дејност. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img