More

    Милијардер се ожени со 26 години помлада готвачка

    spot_img

    Милијардерот Алан Хауард (59) минатиот викенд се ожени со својата партнерка Керолин Бајрон (33) во една од најелитните вили на италијанското езеро Комо.

    „Дејли мејл“ пишува дека на езерото се собрала британската и светската елита. Двојката приредила обновување на заветите на отворено под раскошно украсена цветна арбора, во градините на вилата Олмо од 18 век. Невестата облекла бела венчаница со долг превез, а младоженецот син костум.

    Дејли мејл пишува дека венчавката чинела 10 милиони фунти, a младенците и гостите ги забавувала Леди Гага.

     

     

    Инаку, парот граѓански се венчаше во 2020 година, но прославата беше одложена поради пандемијата со коронавирусот. Заедно имаат едногодишна ќерка. Керолин е многу позната готвачка на јадења без глутен.

     

    „Форбс“ во 2012 година го прогласи Хауард за еден од највлијателните луѓе во инвестицискиот бизнис, а една година подоцна беше рангиран на 53-то место на најбогатите во Британија. Тој и неговата прва сопруга Сабина имаат четири деца, а се разведоа во 2015 година.

     

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img