More

    Меган откри дека нивниот син го има истото хоби како и неговата прабаба, кралицата Елизабета

    spot_img

    Меган Маркл неодамна била модератор на проекцијата на „Потоа“ (The After) на Нетфликс со Дејвид Ојелоу и режисерот и близок пријател Мисан Хариман. Разговорот се одржал во Монтесито, Калифорнија, во домот што Меган го дели со Хари и нивните две деца, синот Арчи и ќерката Лилибет.

    Во текот на разговорот Меган открила дека нивниот четиригодишен син Арчи има ново хоби. Станува збор за фотографирање кое, тврди Меган, го одушевило откако го запознал славниот фотограф Хариман, кој стои зад некои од портретите на војводата и војвотката од Сасекс.

    „Инспирацијата е длабока, а на нашиот четиригодишен, односно четири ипол годишен син, минатиот пат Мисан му покажа како се фотографира. Му ја купив камерата на Арчи, но тој ми рече дека не е Лаика каква што има Мисан“, рекла Маркл, па му се обратила на Хариман.

    „Му реков: „Нема да добиеш Лаика! Дури ниту за Божиќ. Но, ти благодарам што го инспирираше!“, додала Меган.

    Никој не бил изненаден од хобито на Арчи. Имено, бабата на принцот Хари, кралицата Елизабета Втора, често имала камера во раката, и тоа својата Лаика. Најмногу сакала да го фотографира својот сопруг додека тој се натпреварувал со кочиите.

    И Меган (42) и Хари (39) исто така обожаваат фотографија. Принцот Хари го презеде Инстаграм на „Нејшнел џиографик“ во 2019 година, а војводата и војвотката од Сасекс објавија свои фотографии на Инстаграм за време на кралската турнеја низ Австралија, Нов Зеланд, Фиџи и Тонга во есента 2018 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img