More

    Меџити откри дека нема амбиции да го замени Ахмети

    spot_img

    Не сум заинтересиран да бидам лидер на партијата. Не сум заинтересиран да го заменам Али Ахмети. Не работам во таа насока. За оваа Влада гласав само поради Али Ахмети и поради европските интеграции, истакна потпретседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.

    – Дваесет години сум во оваа партија и континуирано и носам победа на партијата во местото каде што сум, немам ли право да му кажам кога некој некаде ќе згреши? Оваа Влада е формирана пред две години и оттогаш ги искажувам моите критики за оваа извршна власт и јавно пред Собранието кажав дека ќе гласам за оваа Влада само поради Али Ахмети и поради европските интеграции. Во принцип, јас бев против, гласовите на терен се собрани со Али Ахмети и оваа извршна власт не се соочуваше со граѓаните, значи нема легитимитет кај граѓанините. Исто така, оваа извршна власт ги нема поминато филтрите на партиските органи, односно во генералниот совет – рече Меџити вчера во емисијата „Клик плус” во ТВ 21.

    Тој потецнира дека тие немаат друга агенда и алтернатива и оти не се поттикнати од никого. Посочи дека немаат проблем со Ахмети како претседател на партијата, туку, како што вели, имаме проблем кога неговиот лидерски имиџ бледнее и некој со пропагандни методи, во овој случај Артан Груби одговара во негово име.

    – Никој не нé поттикнува. Тоа е гласот на граѓанинот и нашиот чист и искрен глас. Дали ќе не толерира Али Ахмети? Тој може утре да излезе и да каже дека овие момци биле добри до вчера, но денеска го прекршија статутот и да ги исклучи од партијата. Не можеме да ги прејудицираме работите. Ќе се обидеме со демократски методи, со анализи, со ревизија да му кажеме дека нашиот претседател треба да размислува. Мора да го слуша гласот на граѓанинот и мора да направи промена за да оди напред – рече тој.

    За можноста албанската опозициска партија Алијанса за Албанците да стане дел од владината коалиција, Меџити со став дека сето ова се прави за „замолчување” на т.н „Огнена групата”.

    – Владата сега има 64 пратеници. Доволно за да функционира и во последната година од владеењето. Ако ја земеме Алијансата за Албанците, сепак нема да стигнеме до 80 пратеници. Второ, секој пратеник Албанец, без разлика дали е од власта или опозицијата ќе гласа за уставните измени. Овде е многу јасно дека е како народната: „за инает на снаата, да ми умре синот”. Во состојба сме да ја внесеме Алијанса за Албанците во Влада за да се замолчи „Огнената група” или некоја друга огнена група во други субјекти, рече тој.

    Според Меџити не е здраво вклучувањето на Алијансата за Албанците во Владата и тоа е тенденција да се уништи албанската опозиција.

    – Оваа понуда за Алијансата за Албанците е тенденција да се уништи албанската опозиција. Претседателот на партијата ја покани АА. Мислам дека не е здраво една година пред избори, без причина, бидејќи ако со АА ја го правиме мнозинството и создаваме 81 пратеник, ги донесуваме уставните измени и е над дневната политика, јас ќе го поддржам тоа. Но, тука не е таа тенденција. Внесувањето на АА во владината коалиција е за да се замолчи „Огнената група“ – потенцира Меџити.

    Изет Меџити во вторникот најави дека в сабота во 19 часот ќе одржат состанок со структурите на огранокот на ДУИ во Битола. Неколку часа подоцна, на социјалните мрежи се појави уште една објава, овој пат од министри од ДУИ, на која најавија средба во ограноците на партијата во Чегране и Гостивар под мотото „Заедно за ЕУ” за истиот ден и во исто време.

    За најавените средби на претставниците на ДУИ со партиските структури во гостиварско Чегране за в сабота во 19 часот, Меџити вели дека за нив не е одлучено на Генералниот Совет на партијата.

    Коментирајќи ја вчерашната средба на министерот за економија Крешник Бектеши со други функционери од ДУИ во Битола, Меџити истакнува дека оваа посета, која доаѓа пред најавената посета на т.н. „Огнена група” во овој град за в сабота во 19 часот, е недолична.

    – Мислам дека денешната посета не е долична, бидејќи имаа многу причини да одат во Битола, во градот на азбуката, особено во Домот на азбуката, за проблемите што ги имаат со струјата, за проблемот што малкумина преостанати Албанци ги имаат во Битола. Ќе беше многу подобро оваа извршна власт почесто да биде близу до проблеми на граѓаните вчера, а не денеска кога одат да извршат приситок за да не учествуваат на најавената средба на јавен, транспарентен начин, рече вчера тој.

    Превирањата почна откако членови на ДУИ на 24 септември во отворено писмо обвинија дека во партијата речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски тела и дека политичкото одлучување, според нив, станало индивидуално.

    Во писмото, потпишано од 20-тина членови на ДУИ, меѓу кои и Изет Меџити, Муса Џафери, Висар Ганиу, Невзат Бејта, Блерим Беџети и Мерита Коџаџику, се бараше внатрепартиска дебата за надминување на ваквата состојба и беше упатен повик до лидерот на партијата Али Ахмети „да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство”.

    „Во ДУИ речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски органи. Како последица на ова, политичкото одлучување стана индивидуална сопственост. Нема дебата и консултација со партиските бази. Кадровските избори се претворија во привилегија на поединецот Артан Груби, беше наведено меѓу другото во писмото. Потписниците посочуваа дека „арогантното однесување на извршната власт на чело со Артан Груби”, предизвикало „незадоволство, револт и пасивност на структурите и на гласачите”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img