More

    Масовна тепачка на сред новиот автопат во Црна Гора

    spot_img

    Неколку млади момчиња синоќа се степале на првата делница од новиот црногорски автопат Бар-Бољаре, во близина на наплатната рампа Матешево.

    Како што може да се види на видеото кое кружи на социјалните мрежи, младите излегле од автомобилите и почнале да се караат. Настанал толкав метеж што не се знаеше кој кого тепа, како и со што удираат.

    Полицијата со помош на снимките и регистарските таблички ќе се обиде да утврди кои се учесниците во пресметката, пренесува Вијести.

    Како што можете да видите на видеото, брутални удари доби млад човек во црна маица, кој во еден момент го тепаа четири лица.

    Од ударите тој накратко заврши на банкината покрај патот, но успеа да се извлече.

    Црногорската полиција соопшти дека конфликтот меѓу две групи млади момчиња се случил синоќа околу 20 часот и 30 минути, но дека случајот кај нив бил пријавен дури во 22 часот.

    Не е познато што му претходело на инцидентот и дали има повредени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img