More

    Маријана Варела и Фабиола Валентин, Мис Аргентина и Порторико се венчаа

    spot_img

    Маријана Варела и Фабиола Валентин, Мис Аргентина и Порторико се венчаа.

    Маријана ја откри веста на Инстаграм со серија фотографии, а нивната венчавка ја опиша како „специјален ден“. Според нејзиниот пост, девојките се венчале на 28 октомври. Истата објава ја сподели и Фабиола на својот инстаграм-профил.

    Девојките се запознале на изборот за убавина Мис гранд интернешнал во 2020 година, но нивната врска ја чувале во тајност, пишува „Хола“. Во објавата што ја споделија на Инстаграм, тие покажаа моменти направени за време на нивната врска, вклучувајќи ги заедничкото патување, денот на свршувачката, прстените…

     

    Многу следбеници им честитаа во коментарите, а меѓу другите, честитки на девојките им упати и Абена Акуаба – манекенка крунисана со титулата Кралица на убавината Универзум 2016 и Мис гранд интернешнал 2020.

    Инаку, Маријана Варела ја претставуваше Аргентина на изборот за Мис Универзум 2019 и се најде меѓу најдобрите 10 на изборот за Мис гранд интернешнал 2020. Како модел работеше со бројни агенции и беше модел за различни кампањи. Фабиола ја освои титулата Мис Порторико во 2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img