More

    Маричиќ во интервју за Македонско радио вели дека време е да седнат со опозициската ВМРО-ДПМНЕ да разговараат околу уставните измени и зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот

    spot_img

    Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во интервју за Македонско радио вели дека време е да седнат со опозициската ВМРО-ДПМНЕ да разговараат околу уставните измени и зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот.

    – Дали јавно или вон очите на јавноста, сеедно, да почне суштинска содржинска расправа околу уставните измени, зошто е проблем да бидат вметнати Бугарите во Уставот, како тоа нам, на Македонците ни е проблем, како тоа може да не загрози. Доколку влеземе во таква дискусија, верувам дека ќе дојдеме до разумни аргументи, дека е навистина трагично да ја блокираме сопствената држава на патот кон Европската Унија поради ова прашање – истакна вицепремиерот за европски прашања.

    Маричиќ вели дека со додавањето на Бугарите како етничка заедница во Уставот се прави јасна дистинкција помеѓу Македонците, мнозински народ во Северна Македонија и Бугарите како етничка заедница во државата и како малцинство, според конвенциите.

    Осврнувајќи се на реконструкцијата на Влада, тој наведе дека целта е да се зајакне владиното мнозинство, да се стабилизира државата економски и да се направат потребните чекори за продолжување на евроинтегративниот пат.

    – Многу е важно навистина сите партии коишто се за Северна Македонија да стане брзо членка во Европската Унија да застанат на оваа страна и да ги поддржат и реформите што е поважно, но и неопходните уставни измени коишто ќе нè однесат автоматски во наредна фаза – рече Маричиќ.

    Односите меѓу Македонија и Бугарија се напнати во изминатите повеќе од две години, откако Софија започна со блокада на македонските евроинтеграции во 2019 година. Блокадата делумно се надмина летоска и преговорите на земјава со ЕУ почнаа, но Бугарија го условува отворањето на поглавјата со внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img