More

    Македонскиот јазик бил интернационално признат на конференција во Атина

    spot_img

    Денеска Европа го слави денот на јазиците, празник воведен во 2001 година кога милиони луѓе од 45 земји го прославиле. Советот на Европа на својот вебсајт ги подредува јазиците меѓу кои под ознаката „мк“ е наведен и македонскиот како дел од европската лингвистичка разноликост.

    Македонскиот литературен јазик, кој е кодифициран во 1945 година станал официјален дел од јазиците на Обединетите Нации од 1977 година. Тогаш, на конференција на ОН која се одржува во Атина во посебен документ се признава јазикот и неговата посебност.

    Ова се смета за широко интернационално признавање на јазикот, а бидејќи документот на ОН бил преведен и на грчки, некои сметаат дека токму во тоа време грчките власти го признале македонскиот јазик. Тоа е времето на Костас Караманлис, основач на Неа Демократија, партијата која денес е на власт во земјата.

    Меѓу првите кои утринава го честитаа Европскиот ден на јазиците е друштвото на Македонско друштво „Илинден“ во Тирана, со апел да се зачува македонскиот јазик и тој да се негува. Друштвото потсетува дека за жал и во 21 век Македонците во Албанија не може да се образуваат на мајчиниот јазик.

    „И покрај континураните барања во изминатите три децении од падот на тоталитарниот режим да се овозможи настава на мајчин македонски јазик, сите досегашни албански власти остануваат глуви и слепи на реалноста. Освен за децата во Пустец иако и таму нецелосно, настава на македонски јазик нема ниту во Гора, ниту во Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, а да не зборуваме за Тирана, Елбасан и други градови каде што живеат илјадници Македонци“, забележува друштвото „Илинден”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img