More

    Македонската економија годинава ќе има раст од 2,4 отсто

    spot_img

    Економијата на Северна Македонија годинава ќе забележи раст од 2,4%, проценува Светска банка во најновиот извештај за глобалните економски перспективи.

    Економскиот раст во земјава благо ќе се забрза до 2,7% во 2024 година и 2,9% во 2025 година.

    Светска банка предвидува дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе ја заврши со економски раст од 2,6%. Клучни фактори кои влијаат на економските перспективи се влијанијата од војната во Украина, пониската лична потрошувачка, заострените глобални финасиски услови и послабата побарувачка во еврозоната.

    Од земјите во регионот, годинава најголем економски раст ќе забележат Косово 3,7% и Црна Гора 3,4%. Албанија ќе има раст од 2,8%, Босна и Херцеговина, 2,5%, Србија 2,3%, Хрварска 1,9%, а Бугарија 1,5%.

    Во однос на глобалните перспективи, Светска банка очекува годинава економскиот раст да забави и да изнесува 2,1% во однос на минатогодишините 3,1%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img