More

    Мајли Сајрус доживеа несреќа

    spot_img

    Американската пејачка Мајли Сајрус со семејството и тимот одлетале во Парагвај за да настапи на последниот концерт од нејзината турнеја, кога авионот во кој се наошале го удрил гром.

    Мајли на својот Инстаграм објави видео на кое се слушаат врисоци на патници, а до него напиша:

    – Нашиот авион го погоди големо неочекувана бура и го удри гром. Мојот екипаж, бендот, пријателите и семејството, кои патуваа со мене, се безбедни по принудното слетување“, напиша пејачката во описот на објавата на Инстаграм, а подоцна сподели фотографија од оштетувањето на авионот, на која јасно се гледаат делови од уништени метални и опожарени траги.

    – За жал, не успеавме да слетаме во Парагвај – изјави пејачката која требаше да настапи на вториот ден од фестивалот Асунсионико, кој се одржува за првпат по три години.

    Во меѓувреме, организаторите потврдија дека Мајли нема да настапи на фестивалот.

    Нејзиниот лет бил од Богота, Колумбија, каде неодамна настапи во рамките на нејзината турнеја „Внимание“, а во последните недели пејачката се појавуваше и на фестивалите во Лолапалуза во Чиле и во Аргентина.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img