More

    Мајката на Северина проговори за тепачката меѓу сестрите

    spot_img

    Откако попладнево хрватската полиција ја уапси поп-пејачката Северина Вучковиќ, нејзината мајка Ана Вучковиќ даде изјава за Вечерњи лист.

    – Маријана се појави од нигде-никаде и сама се нафрлуваше. Не ѝ е првпат сама да ја пријави сестра ѝ – изјавила Ана Вучковиќ за хрватскиот медиум.

    Како потсетување, причината за приведувањето на Северина била жестоката караница и тепачка во домот на мајката на пејачката, каде што се степала со сестра ѝ Маријана.

    Според пријавата на сестра ѝ, Северина ѝ се нафрлила пред очите на нивната мајка во еден часот по полноќ, при што жестоко се бореле и удирале по целиот стан. По тепачката, Северина заминала од станот, а Маријана се упатила во болница, каде што ѝ била укажана лекарска помош за лесни повреди.

    Северина била приведена на загрепскиот аеродром, 12 часа по инцидентот, потврди нејзиниот адвокат Мате Матиќ за хрватскиот медиум „Индекс“.

    Полицијата не ја задржала долго Северина, која, според Матиќ, исто така има повреди.

    – Се чини дека и Северина има повреди, па и ние ќе поднесеме кривична пријава – изјави Матиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img