More

    Мајката на холивудскиот актер Двејн Џонсон, познат и по прекарот „Карпата“ доживеала тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

    spot_img

    Мајката на холивудскиот актер Двејн Џонсон, познат и по прекарот „Карпата“ во средата вечерта доживеала тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, која, за среќа, успеала да ја преживее.

    „Карпата“ објави фотографија на Инстаграм од унаказен црвен Кадилак кој претрпел голема штета на совозачката страна.

    „Ангели на милосрдието бдееја врз мајка ми“, напишал Џонсон.

     

    Каросеријата на Кадилакот била откината и смачкана, при што беа откриени делови од внатрешноста и воздушната перница која изгледала како да се активирала на страната на возачот.

    „Оваа жена преживеа рак на белите дробови, тежок брак, судар со пијан возач и обид за самоубиство. Таа преживеала на начини кои ги прават ангелите и чудата реални“, додал актерот, заблагодарувајќи ѝ се на полицијата на Лос Анџелес и на пожарникарите што ѝ помогнале на мајка му и што по телефон му раскажале што се случило.

    „Ми остана еден родител, па ако сè уште имате мајка и тато, добро прегрнете ги затоа што никогаш не знаете кога ќе го добиете тој повик во три часот наутро којшто никогаш не сакаме да го добиеме“, рече Џонсон.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img