More

    Лоши вести за Ѓоковиќ: Вакцината се уште е неопходна за влез во САД

    spot_img

    Американските власти го продолжија условот за влез во земјата, според кој патниците мора да достават доказ за најмалку две примени вакцини против Ковид. Продолжените услови ќе важат најмалку до 10 април 2023 година, што практично го оневозможува настапот на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ на Мастерсот што ќе се одржи во Индијан Велс и Мајами.

    Можноста за промена на оваа одлука сè уште постои, особено ако се земе предвид дека повеќето земји се откажаа од таквите критериуми за влез многу порано.

    Постојат две категории на патници кои можат да бидат ослободени од доказ за вакцинација, но српскиот тенисер очигледно нема ни да се обиде да отпатува во САД доколку се задржат условите. Така беше и во 2022 година, кога освен Индијан Велс и Мајами, Ѓоковиќ ги пропушти и Синсинати и УС Опен. Претходно Новак беше депортиран од Австралија и не му беше дозволено да учествува ниту на првиот Грен слем во сезоната.

    Благодарение на фантастичните игри во преостанатиот дел од сезоната и, меѓу другото, освојувањето на Вимблдон, Ѓоковиќ остана на врвот на АТП листата и постигна доволно бодови за да биде на завршниот Мастерс во Торино. Останува да видиме дали забраната ќе биде продолжена до летото кога во Њујорк се одржува Отвореното првенство на САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img