More

    Лигата на шампионите продолжува вечерва: Судири во Милано и Ајндховен

    spot_img

    Вечерва во Милано и Ајндховен се закажани нови натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите.

    Интер од 21 часот на „Џузепе Меаца“ го пречекува Атлетико Мадрид, а тоа ќе биде пресметка на двајца големи пријатели Симоне Инзаги и Диего Симеоне.

    Нероаѕурите се убедливи лидери во италијанската Серија А. Имаат дури 10 бода од второпласираниот Јувентус и се благи фаворити на овој меч.

    „Јорганџиите“, пак, доаѓаат во Милан полни со самодоверба и во добра форма, бидејќи викендов на домашен терен го победија Лас Палмас со 5:0.

    Атлетико и Интер играа во финалето на УЕФА Суперкупот во 2010 година, кога Мадрид победи со 2:0.

    Во истиот термин на стадионот „Филипс“ во Ајндховен започнува вториот натпревар каде големиот ПСВ ќе и гостува на Борусија Дортмунд.

    Холандскиот клуб има неверојатна сезона, на 22 натпревари од националниот шампионат има 20 победи и две нерешени. Во групната фаза од Лигата на шампионите одиграа брилијантно и заедно со Арсен остварија понатамошен пласман оставајќи ги Ленс и Севиља зад себе.

    Иако Милионерите загубија вистинска шанса во борбата за титулата во Бундеслигата, бидејќи заостануваат 17 бода зад лидерот Баер Леверкузен, сега можат да се фокусираат на најелитното фудбалско натпреварување во Европа.

    Избраниците на Един Терзиќ во Холандија пристигнуваат во одлична форма, немаат пораз во последните 11 натпревари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img