More

    ЛАЖНИОТ ЛЕКАР ИВАН КОРУНОСКИ,ПАРТИСКИОТ ДИРЕКТОР И МОЌНИК ЈОВЧЕ СТОЈКОСКИ ,БЕКИМ САЛИ И Ј.О СТРУГА, ВО СЛУЖБА НА ПОГРЕБАЛНИТЕ ПРТПРИЈАТИЈА?!

    spot_img

    Македонското здравство постана елдорадо на ЛАЖНИ ЛАКАРИ,пред само 2 години од како Охридскај обзнани дека со Центарот за јавно здравје во Охрид ,за директор е поставено лицето Сашо Точков ,кој лажно се преставува дека има завршено Медицински Факултет и кое лице цели 2 години во време на Пандемија со Ковид 19 ,јавно преку медиумите со национална фреквенција делеше совети на граѓаните на Македонија,низ непосредни контакти со заболени им делел совети кој медикаменти да ги конзумираат и слични глупости.Епилог од истрагата за лажниот лекар Сашо Точков , нема , напротив претседателката на СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотоска го назначила за главен партиски советник за Здрвство на СДСМ Охрид и потпретседател на здравствена комисија на СДСМ и главен кадровик за прашања во здравствениот сектор,до таа мера забеганост ,што и Јавно обвинителство Охрид по партиски притисок  не постапува по пријавите на СВР Охрид против Сашо Точков,кој и понатаму остана на функцијата Претседател на ЦРВЕН Крст Охрид,каде сите го соловувале со ДОКТОРЕ!!

    ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ НА ЛАЖНИ ЛЕКАРИ!!

    Лекар без никаква диплома ИВАН КОРУНОСКИ, кој воопшто немал завршено медицински факултет, цели шест години ги лекувал жителите на Вевчани. Надлежните го истражуваат случајотисто онака како и во случајот со лажниот охридски лекар Сашо Точков,поточно целиот случај да се стави под тепих?!!

    Лицето ИВАН КОРУНОСКИ на објавениот конкурс за прием на лекари во ЈЗУ Здравствен Дом Вевчани ,во апликацијата воопшто не приложил Диплома за завршено високо образование -Медицински факултет, со образложение ,дека дипломата ја имал испратено во Швајцарија на нострификација ,каде планирал да замине на работа!! На ваквата ноторна глупост наседнале или свесно знаеле Здравствената комисија и директорот на ЈЗУ Здравстевн дом Вевчани Јовче Стојкоски, кој издале решение за прием во работен однос на лицето ИВАН КОРУНОСКИ на работно место- Лекар во ЈЗУ Здравстевн дом Вевчани.

    ДИРЕКТОРОТ НА ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕВЧАНИ ЈОВЧЕ СТОЈКОСКИ ,ВЕДНАШ КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРА!!

    Целиот настан со лажниот лекар во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани и од министерството за здравство ,а и од ОЈО Струга се обидуваат да го релативизираат и ако станува збор за тешки Кривични дела против здравјето на луѓето.Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани ЈОВЧЕ СТОЈКОСКИ

    , кој да речеме поверувал дека лицето лицето ИВАН КОРУНОСКИ имал завршено за Лекар, како партиска награда за претерана партиска ангажираност го назначил за НАЧАЛНИК НА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ ВЕВЧАНИ! Целиот настан со лицето ИВАН КОРУНОСКИ не било откриено од граѓани, како што пренесуваат поедини медиуми од Македонија, туку истото е откриено при контрола од страна на Фондот за здравтсво на Македонија и тоа преку бројот на факсимилот кој го користело лицето ИВАН КОРУНОСКИ,а кој број припаѓал на матична лекарка од Куманово.

    Неразбирливо е како за лицето ИВАН КОРУНОСКИ ЈО Струга не побарало мерка Притвор?Истото во дадениов момент според жителите на Вевчани не е во нивната општина ,а директорот на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани Јовче Стојкоски, не сака да поднесе оставка од директорската позиција со образложение дека истиот тој ,немал никаква вина и ке чекал да се произнесат судските органи?!

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img