More

    Кумановец избегал од Идризово и веднаш се фрлил на „работа“

    spot_img

    Затвореник вчера избегал од затворот Идризово”, а потоа со пиштол влегол во обложувалница во населбата Маџари и ја ограбил – информира Основното јавно обвинителство Скопје, кое вчера донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 48-годишникот од Куманово.

    „Осуденото лице избегало од КПУ „Идризово“, каде требало да издржува казна затвор до јануари 2027 година. Потоа тој дошол до обложувалница во населбата Маџари, влегол во објектот и од зад грб му пришол на вработениот. Му се заканил со пиштол и го принудил да ги извади парите од сефот и да ги стави во црна најлонска вреќа. Самиот осомничен продолжил да пребарува по фиоките каде пронашол уште пари и ги ставил во вреќата. Одзел вкупно 593.525 денари“ – информира ОЈО -Скопје.

    На излегување, разбојникот го зел клучот од влезната врата на просторијата за наплата и го заклучил вработениот внатре. При бегањето, осомничениот го забележале полициски службеници кои го уапсиле во близина на местото на настанот.

    Јавниот обвинител побарал од судијата на претходна постапка на побегнатиот затвореник да му биде определен притвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img