Кинескиот претседател Си Џинпинг следната недела ќе ја посети Русија, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
„На покана на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот Си Џинпинг ќе престојува во државна посета на Русија од 20 до 22 март“, соопшти Министерството, не наведувајќи други детали.
Кремљ, исто така, објави дека кинескиот претседател ќе ја посети Русија, велејќи дека тој и рускиот претседател Владимир Путин ќе разговараат за продлабочување на „стратешката соработка“.
За време на посетата, двајцата лидери „ќе разговараат за продлабочување на партнерството и стратешката соработка меѓу Русија и Кина“, а особено „на меѓународната сцена“, се вели во соопштението на Кремљ.
Кремљ додаде дека за време на посетата ќе бидат потпишани „важни документи“.