More

    Кривична пријава за двајца полицајци

    spot_img

    Против Ќ.А. и Ј.А., двајцата полициски службеници на граничен премин Долно Блаце, покрената е кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување зашто на 14 овој месец овозможиле да побегнат две лица со албански лични документи, кои биле задржани во станица зашто за нив имало телеграма со мерка за нивно апсење, информира МВР.

    „Тие во 13.25 часот пристигнале на граничниот премин со патничко возило „мерцедес” и додека се преземале мерки по телеграмата, задржаните лица не биле обезбедувани од полициски службеник, а возачот на возилото не бил контролиран. Околу 16.00 часот, првопријавениот му овозможил на возачот со возилото да влезе во Република Косово без проверка на лични документи и документи за возилото. Во 16.20 часот, возачот со возило се вратил во меѓузоната, а во 17.26 часот влегол во станицата и набргу заедно со возилото заминале и оствариле влез во Косово. После тоа, откако било утврдено дека лицата се оддалечиле, пријавените не презеле никакви мерки за нивно пронаоѓање“ – се вели во информацијата од МВР.

    Од надлежниот обвинител на првопријавениот му е изречена мерка притвор, а на второпријавениот мерка на претпазливост со одземање патната исправа. Одделот за внатрешна контрола против двајцата полициски службеници ќе поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе бидат суспендирани од работните места, најавува МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img