More

    Кривична постапка против новинарката Овсјаникова

    spot_img

    Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка против поранешната уредничка на Канал еден (Channel One), Марина Овсјаникова, под обвинение за ширење лажни информации за руската армија, изјави нејзиниот адвокат Дмитри Захватов, додавајќи дека веќе бил претресен и нејзиниот стан.

    Во средината на март, Овсјаникова „влета“ во ТВ студио за време на програма во живо, држејќи транспарент како протест против војната што Русија ја нарекува „специјална воена операција во Украина“.

    За инцидентот беше покрената предистражна постапка, но, разултатите сè уште се непознати. Московскиот окружен суд Останкински ја прогласи Овсјаникова за виновна поради организирање или одржување јавен настан без да се достави известување. Таа беше осудена на парична казна од 30.000 рубљи или 496 долари. Според податоците, Овсјаникова беше казнета поради нејзиното претходно видео повикување на неовластени протести, но, не и за телевизискиот инцидент, пишуваат руски медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img