More

    Кремљ: Новите испораки на американско оружје само ќе го интензивираат конфликтот со Русија

    spot_img

    Кремљ оцени дека новите испораки на американско оружје за Украина само ќе го „интензивираат“ конфликтот со Русија, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека е на пат за Вашингтон.

    „Сето ова секако води кон ескалација на конфликтот и не е добро за Украина“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

    Тој исто така рече дека не очекува Зеленски по посетата на САД да го смени ставот во врска со можните преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

    Зеленски потврди дека е на пат за САД. „На пат кон САД за да ја зајакнеме отпорноста и одбранбените капацитети на Украина“, напиша Зеленски на Твитер.

    Тој најави дека со американскиот претседател Џозеф Бајден ќе разговара за соработката меѓу Украина и САД. Тој изјави и дека ќе се обрати пред американскиот Конгрес. Белата куќа претходно објави дека Зеленски ќе се сретне со Бајден, а американскиот претседател ќе објави „значајна“ нова помош за Украина.

    Според претходната изјава на висок американски функционер, оваа помош треба да го вклучи и системот за противракетна одбрана Патриот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img