More

    Ковчегот на кралицата Елизабета пристигна во Единбург

    spot_img

    Ковчегот на кралицата Елизабета пристигна во Единбург во неделата по шестчасовно патување од нејзината летна резиденција во шкотските висорамнини, проследено со десетици илјади ожалостени, многумина во тишина, некои ракоплескаа, а некои во солзи.

    Малку по 11 часот, кочијата со дабовиот ковчег ги напушти портите на замокот Балморал, каде кралицата Елизабета почина во четвртокот на 96-годишна возраст и отпатува за шкотската престолнина.

    Ковчегот беше обвиен со шкотско кралско знаме со венец од цвеќе набран на имотот Балморал.

    Голема толпа се собра во центарот на Единбург за да ја пречека поворката, во која беше и ќерката на кралицата, принцезата Ана, на пат кон палатата Холирудхаус, каде што ја пречека почесна воена стража.

    Војниците на кралскиот шкотски полк потоа го однесоа ковчегот во престолската соба на палатата каде што ќе остане во текот на ноќта.

    „Немаше шанси да го пропуштам ова. Би зажалила до крајот на мојот живот“, вели 62-годишната Ејлид Мекинтош, која го напуштила својот дом во 6 часот наутро за да се увери дека има добар поглед на главната улица во Единбург.

    „Таа никогаш не не изневери, а ниту јас не сакав да ја изневерам. Сега, кога таа ја нема, има голема дупка во срцето на нацијата“.

    Патувањето од Балморал беше првото во серијата настани што доведоа до државниот погреб во Вестминстерската опатија во Лондон на 19 септември.Многумина на тој пат во неделата немо ја набљудуваа поворката на светло сонце. Некои фрлаа цвеќиња на патот.

    „Тоа е само многу, многу тажно. Среќна сум што бев тука да се збогувам“, изјавила Елизабет Александар (69), која е родена на денот на крунисувањето на кралицата во 1953 година.

    Илјадници луѓе продолжуваат да се собираат пред другите кралски палати низ Британија, а големи купишта цвеќиња се натрупуваат додека луѓето и оддаваат почит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img