More

    Ковачевски: Отворена дискусија но без конкретни заеднички заклучоци

    Премиерот Димитар Ковачевски по завршување на речиси четиричасовната лидерска средба од Собранието порача дека била отворена дискусија но без конкретни заеднички заклучоци.

    – Собранието непречено да функционира, а сите пратеници да се вклучат во носење на законите особено во законите од судството, правото… Ние како Влада сме отворени за соработка и сега е потребна инклузивност и обединетост, а темата за ЕУ да не е терен за дневна политика – побарал премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателите на парламентарните партии.

    Ковачевски ги информирал за евроинтеграцискиот процес, но и за енергетската состојба во земјата, за законите од областа на правото што треба да бидат донесени, како и за Буџетот за 2023 година. Понудил и заклучоци што би произлегле до средбата со кои побарал парламентарните партии зачленувањето во ЕУ да се смета за надпартиски интерес и сите чинители треба да дадат целосна поддршка. Но, Ковачевски кажа дека сепак нема заеднички заклучоци кои би произлегле од средбата.

    – Пред нас стојат многу предизвици и затоа важна е деблокадата на Собранието за да се донесат важни реформи. Не смееме да дозволиме уставните измени да бидат пречка која сами ќе си ја поставиме. Да бидеме мудри и да го искористиме поволниот момент во ЕУ. Не е време за поделби. Ќе се формира собраниска група која ќе се грижи реформите да не стојат во место. Првиот приоритет е европскиот пат па интересите на политичките партии. Никој нема да биде кочничар – рече Ковачевски по лидерската средба во Собранието која ја иницираше тој, а ја прифатија речиси сите политички партии.

    На лидерската се дискутираше за европската иднина на Македонија и за потребата од политички и општествен консензус за уставни промени кои се услов за преговорите со ЕУ.

    Покрај премиерот и лидер на СДСМ, Ковачевски на средбата присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, на ДУИ, Али Ахмети, како и сите лидери на помалите политички партии, освен лидерот на Левица, Димитар Апасиев и претседателот на Движењето Беса.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img