More

    Испитот по македонски ќе им биде поништен на препишувачите – Сите ученици ќе добијат 0 поени и пак ќе полагаат во август

    spot_img

    Засилените протоколи и строгите правила не беа пречка и годинава да се најде начин и да се препишува тестот по мајчин јазик. Околу 7000 членови во вибер група насловена „Македонија“ споделувале одговори од вчерашниот испит. Тестот е фотографиран од учениците во моментот кога го добиле, а по одреден период, додека траел испитот почнале да се препраќаат првите одговори на прашањата, објави Сител.

    За ова се дознало кога до вработените во ДИЦ стигнале информации дека се препишува на овој начин. Пријавите стигнале од анонимни броеви, по што директорката Михајловска добила и докази и самата видела што се случува. Михајловска одговорноста ја лоцира кај тестаторите и набљудувачите.

    – Тој е тестот, јас ги видов фотографиите кој некој ученик ги ставил . Тоа е поделена одговорност, во моментот некој што имал обврска да внимава дали учениците ги почитуваат правилата не го направил тоа, или кога седнале да го решаваат тестот и извадиле телефон не виделе и покрај тоа што е забрането. Така што одговорноста за непочитување на правилата се шири на многу луѓе , јас сум убедена дека ова се изолирани случаи и ја негираат посветеноста на сите што се инволвирани – вели директорката на Државниот испитен центар Билјана Михајловска.

    За време на вчерашниот испит неколку ученици биле „фатени“ на лице место со телефони, кои им биле земени и автоматски ќе добијат 0 поени и ќе им се поништи испитот, па знаењето ќе им се проверува во август. Оценувачите од ДИЦ сега ќе имаат задача да проценат кои се „препишувачите“ и потоа да се донесе одлука за поништување на нивниот испит.

    – ДИЦ треба да започне со процесот на оценување, тоа значи дека нашите оценувачи кои што се всушност со професори со долгогодишно искуство ќе добијат прецизни насоки, како во текот на оценувањето да постапат, ако најдат препис ќе се донесе одлука за поништување на испитот. Неделава ние ќе ги дефинираме прецизно чекорите на оценувачите, и ќе разговараме со инстутиции – вели Михајловска.

    Полагањето на мајчин јазик како прв дел од државната матура за прв пат беше во сали и холови на училиштата наместо во училниците. Ангажирани беа околу 2000 тестатори – наставници и околу 250 набљудувачи од ДИЦ. Целта на полагањето по построги правила беше за да се избегне препишување, како што се случи и минатата година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img